Заклетвата без „Северна„ е добар дипломатски потег со кој Македонија после 7 години влезе во офанзива
Прв пат после долго време Македонија наместо во дефанзива е во офанзива. Меѓународната заедница седум години беше навикната на попустливост, веднење на главата, молк од досегашната власт. „Македонија“ на претседателката очигледно ги „здрма“ и соседите и другите земји-членки на ЕУ, дека владејачката гарнитура која доаѓа заедно со Силјановска Давкова нема да бидат неми послушници. Наместо тоа, ќе стават дипломатски ракавици и ќе ги бранат позициите на Македонија без никој да го понижува народот. Според поранешниот вицепремиер за евроинтеграции претседателката не го прекрши Преспанскиот договор, туку покажа принципиелност и цврсти позиции.
За жал минатите години, Владата на СДСМ создаде една практика на попустливост и кон соседите и кон други инстанци од Меѓународната заедница притоа не водејќи сметка за суШтинските интерси на Македонија особено во прашањата кои се однесуваат на нашиот идентитет, јазик, култура и слични области. Гордана Силјановска Давкова и ВМРО – ДПМНЕ ќе имаат еден различен став, особено кога се работи за позициите за заштита на националните интеереси на меѓународен и регионален план во однос на отворените прашања со соседите. Очекувам оваа принципиелна позиција да продолжи понатаму имајќи ги секогаш во приоритет интересите на Македонија зА разлика од порано, ние сега ќе бидеме сведоци на едни поцврсти ставови, потврди позиции кога се работи за односите со соседите почитувајќи ги сите норми на меѓународното право, во делот на заштитатана човекотиве права парво на самоопределување и се она што значи заштита на националниот идентитет, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и универзитетски професор Васко Наумовски.
Попустливоста за која зборува Наумовски многу пати до сега на дело ја покажаа функционерите од СДСМ. Менувавме имиња на институции предвреме, брусевме шахти, менувавме називи на споменици. Власта изнасилено во секоја прилика ја употребуваше придавката „Северна“. Тоа и даде за право на Грција да се однесува супериорно. Надменоста на грчките власти одеше и до таму што пред инаугурацијата најавуваа дека „будно ќе следеле“ како претседателката ќе ја нарече Македонија.
Често пати кога некои од нашите соседи се повикуваат на почитување на меѓународното право забораваат дека меѓу основните човекови права кои се заштитени со меѓународните конвеции е и правото на самоопределување, кога се работи за малцинствата, тоа е исто така дел од почитување на меѓународното право, да се почитуваат и билатералните договори но и да се почитуваат и малцинските права. Во поглед на Преспанскиот договор, имаме една ситуација што самиот договор дава време за употреба на името и тоа треба да оди согласно отворањето на поглавјата. Ние немаме отворено ниту едно поглавје, а се е сменето предвреме, тоа значи дека документите кои се однесуваат на одредена област, треба да бидат променети во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Немало потреба да се менуваат сите тие документи.за жал праксата од претходната влада со предвременото додавање на придавката сега не доведе до ситуација, да не обвинуваат дека не го почитуваме, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и универзитетски професор Васко Наумовски.
Лекцијата со Грција не ја научија па во односот со Бугарија тотално го изгубија достоинството. Со источниот сосед не бевме ниту во дефанзива. Со анемичната дипломатија, досегашната власт демонстрираше потчитеност – се извинуваа за спортски натпревари и кафеански тепачки. Зоран Заев во една прилика се извини и дека Илинденското востание го нарекол македонско, а пак Бујар Османи, од позиција на министер за надворешни го посети охриѓанецот Пендиков кој се декларира како Бугарин откако учествуваше во тепачка во ресторан.