Закани како опозиција, притисоци како власт – „ТВ Алфа“ останува „трн во око“ за СДСМ

„Aлфа“ останува трн во око за СДСМ. Додека беа опозиција се закануваа, а како власт прават невидени притисоци. сите институции се во спрега во обид да најдат „влакно во јајце“ и да и наштетат на единствената кртичка Телевизија која остана во македонскиот етер.

Напади врз телевизија „Алфа“ од повеќе страни – УЈП, обвинителства, инспекции. Она што беше навестено од опозиција, сега се спроведува како власт. Поранешниот премиер и партиски лидер, Зоран Заев, уште пред повеќе од шест години дел од медиумите ги прогласи за политички непријатели.

  • Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се „Сител“, „Канал 5“, „Алфа Телевизија“, „Дневник“ и „МРТ“, изјави тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, на 1 декември 2015 година.

„Алфа“ е единствената која остана трн во око. Следуваа суптилни и не толку суптилни закани кои само добиваа на интензитет.

  • Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави Зоран Заев на 6 март 2020 година.

Примерот на поранешниот партиски лидер го следеа речиси сите функционери – со етикетирање на телевизијата и на новинарите.

  • Јас разговарам и со вас, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашта телевизија ама не го знам кој е, изјави Радмила Шеќеринска, на 10 јули 2020.
  • Медиумите на Мицковски имаат задача да го поткопуваат Договорот со Грција и со текстовите негативно да влијаат на членството во НАТО, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на 20 февруари 2020.

Но, притисокот врз „Алфа“ не остана само на закани – власта ги користи сите механизми кои и стојат располагање во обид да ја замолчи единствената кртичка Телевизија која остана во македонскиот етер. Како што расте гледаноста на „Алфа“, а паѓа рејтингот на власта – така се засилуваат и притисоците.

Последен во низата е оној од Управата за јвни приходи која изготвила решение за наплата на наводен долг од околу 200 илјади евра, во кои се пресметани и огромни камати, а за кој се уште се води судски спор кој нема разрешница.

Телевизијата речиси секој ден е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста