Зајкова: Очекуваме позитивен исход на самиот на ЕУ за ние да добиеме препорака за датум

Иднината на Западен Балкан е интеграција во ЕУ, заклучија на средбата ЛДП, подмладокот на партијата ЛИДЕМ од Македонија и Нова Странка од Србија.

„На средбата дискутиравме за процесите за влез во ЕУ на двете земји, Македонија и Србија, така што сите земји од Западен Балкан припаѓаат на европското семејство бидејќои негуваат либерални и европски вредности. Патот на Македонија е дефинитивно во Европа затоа очекуваме позитивен исход за нас на самитиот кој следи. Односно нашата земја да добие препорака за отпочнување на пристапни договори за ЕУ и очекуваме ратификација на потоколот за влез на земјата во НАТО“, истакна Моника Зајкова, потпретседателката на ЛДП.

Марко Живковиќ од Нова Странка од Србија истакна дека двете партии заедно работат активно за заеднички цели, тоа е двете земји и Македонија и Србија, да бидат модерни и силни земји на кои местото им е во ЕУ, со почитување на европски вредности и поквалитетен живот на младите во овој регион.

„Србија, како и Македонија со години работи на приклучување на ЕУ, така што неколку години моменталната власт не е заинтересирана за креирање на политики за потребите за влезот во Унијата. Популистите не можат да прават реформи за ЕУ, затоа ние либералите сме тие кои може да го трасираме европскиот пат. ЛДП има поддршка од нас како партија и се надеваме на одлични резултати следните избори“, вели Живковиќ.

ЛДП и Нова странка, ќе потпишат Меморандум за меѓусебна соработка кој ќе ги опфаќа процесите кои следат.

„Оваа средба за нас беше од особено значење, затоа што Нова странка од Србија се наш долгогодишен партнер во остварување на либералните идеи со целосна интерграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ каде што припаѓаме како земји“, рече Димитар Ванчов од Либерално Демократка Младина (ЛИДЕМ).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста