Захарова: Од прозорецот на Стејт департментот може да се види масакрот на полицијата врз демонстрантите

Стејт департментот никого не може да поучува за почитување на човековите права среде бранот на полициска бруталност, рече претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Портпаролката на руското МНР, истакна дека во овој момент Соединетите Држави можат да се пофалат само со незаконски и брутален третман на новинарите, кои секојдневно се бомбардираат со солзавец и со гумени куршуми од полициските пушки.

„Тие можат да бидат горди што повеќе од 100 американски и странски новинари беа изложени на малтретирање од рацете на американските полицајци“, заклучи Захарова.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста