Загрижувачки расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Тетово

epa08340321 A healthcare professional wearing protective hand gloves at works at the Oglio Po Hospital, during the coronavirus emergency, in Casalmaggiore, northern Italy, 03 April 2020. Italy is under lockdown in an attempt to stop the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus causing the Covid-19 disease. EPA-EFE/ANDREA FASANI

Загрижувачки расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Тетово.Со вчерашните 13 нови инфицирани,бројот на активни случаи се ближи до 100, речиси исто колку што има во Скопје.

Иако побаравме, во тетовскиот Центар за јавно здравје не добивме никакви информации за моменталната состојба со новозаразените-дали се работи за делта сојот и дали има појава на нови кластери.

Повеќето тетовци сметаат дека можеби се потребни порестирктивни мерки, оти ниту сегашните велат, не се почитуваат.Но,сеуште има и такви, кои не веруваат дека вирусот постои.

Најголем број од новозаразените изминатиов период се од семејни веселби и свадби.Минатата недела надлежните информираа за појавени два нови кластери,од кои поголемиот бил од свадба во тетовско Џепчиште. Со оглед на тоа што сезоната на свадби е во полн ек,здравствените работници очекуваат бројките констатно да растат.

Милена Вучевска