Загадувањето станува опасно – во битката на невладините се вклучуваат и пратеници

Граѓанското здружение О2 Иницијатива добива засилување во битката против загадување. Во отсуство на конкретни активности на надлежните, се мобилизираат декл од пратениците. Гордана Силјановска-Давкова, Димитар Апасиев, Тимчо Муцунски, Марија Костадинова, Панчо Минов се само дел од народните избраници кои се приклучуваат на активностите на невладиниот сектор во битката за чист воздух. Или вкупно, 39 од 120 народни избраници.

Од О2 алармираат дека проблемот со загадувањето е заглавен во правни лавиринти а ингеренциите се испреплетени меѓу Владата, надлежното министерство, инспекторатите и локалните власти. Често пати тоа е најчестиот изговор за непреземање активности за соодветно решение. Нагласуваат дека оваа борба е натпартиска. Тажно е велат да се дозволи секоја педа од нашата држава да е потоната во различни типови загадување.

Во меѓувреме Владата го усвои предлогот на Министерството за правда за зголемување на казните за загадувачите. Тие сега ќе бидат за 20 пати повеќе од досегашните.

Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции – пишува во соопштението на Владата.

Но дилемите се колку ова и ќе даде ефекти со оглед дека казни и досега имаше, а загадувањето не се намали. Така е веќе со денови во Скопје но и внатрешноста. Мернитес таници покажуваат алармантни бројки, граѓаните се гушат и бараат конкретни мерки. Градоначалникот на Скопје Шилегов како најповикан тврди дека состојбата се следела, а имало стратегии и мерки. Но проблемот е што дел од нив се само на хартија, или се половично спроведени. Депониите не се целосно расчистени, топловодната мрежа се уште е во рацете на БЕГ, иако уште одамна падна одлука ингеренциите за ова да бидат на градот. Нема ништо ниту од најавениот трамвај, кој и овој градоначалник на Скопје го ветуваше, а во последната година од неговиот мандат тој не е ниту со завршен проект. Во очекување на трамвајот сепакн се набавија 33 еколошки автобуси, а мал дел од граѓаните,искористија можност преку субвенции да купат инвертер или печка на пелети. Иако деновиве воздухот е отровен, се уште нема бесплатен јавен превоз во денови со висока загаденост, согласно мерката на Град Скопје. Оттука и дилемите од каде се милионските загуби на ЈСП, кој од Владата добива дури 2 милиони евра за покривање на финансиската дупка.   

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста