Загадувањето причина за двојно полоши последици на заразата со Ковид 19

Македонија изминативе години бележеше зголем број заболени но, и починати како последица на аерозагадувањето.Сега пак, со пандемијата состојбата е и повеќе од сериозна, кога и тоа како треба сериозно да се дејствува,алармираат специјалистите.Загадениот воздух  е главен сојузник на вирусот ,мора да се најде решение,оти последиците ќе бидат лоши.

-Автоматски се намалува концентрацијата на кислород во околината ,тоа може да има последици сега во овој момент, двојно полошо, затоа што ја имаме пандемијата, тука секако е намалена концентрацијата на кислород кај заболените, изјави Д-р Исмаил Ваити од Специјалната болница за белодробни болести Лешок

Скопје, Тетово, Кичево, Кавадарци,Гостивар-мерните станица деновиве во речиси сите градови низ државата покажуваат надминување на дозволената граница на пм 10 честички.Граѓаните се плашат, но бараат и мерки од надлежните.

И последните меѓународни истражувања покажуваат дека изложеноста на загаден воздух може да го зголеми ризикот од смрт од Ковид 19, за околу 15 %.Во студијата, германските научници пишуваат дека загаденоста ,која и сама по себе е причина за смртност, ги оштетува белите дробови,што доведува до подобра апсорпција на вирусот.СЗО веќе проценува дека аерозагадувањето е одговорно за седум милиони смрнми случаи годишно, ширум светот.

Милена Вучевска