Загаденоста на воздухот висока – невладините критикуваат: Еден куп предлози до властите, ама никој не ги разгледал

Земјава не само што урива рекорди по смртност и заразени од корона вирус, сега е и  меѓу најзагадените земји во светот. Граѓаните се плашат за својот живот, а властите се уште немаат соодветни мерки за справување со загаденоста. Сите предлози  и документи што три години на назад од Иницијативата О2 ги доставувале до надлежното министерство и Град Скопје, се уште се во фиока. Велат државава нема ниту функционални мерки ниту стратегија, додека граѓаните се гушат во отровен воздух. Сите таканаречени мерки кои до сега се донесени, се паушални, бидејќи  суштинскиот проблем веќе со години останува не решен.

Имаме поднесено предлози до МЗПП уште пред две-три години. Градоначалникот Шилегов се обврза на 20 точки и сите беа поврзани со загадувањето. Една година немаме отчетност што се случува под тие точи, што прават, што работат, предлози сме давале, пишуваме, има докумени, но нема волја за решавање – вели Невена Ѓорѓиевска – активист во Иницијатива О2

Изутрината  на апликација „Мој воздух“ со „опасен квалитет на воздухот“ беа одбележани Бардовци и Кучково – висока загаденост имаше и во Карпош, Лисиче и Центар. Синоќа најалармантно беше во Кисела вода, Автокоманда, Аеродром, каде загадувањето на воздухот беше неколку пати над дозволеното .Најмногу загрижува воздухот во Ново Лисиче , таму беа измерени дури  362 милиграми ПМ 10 честички . Граѓаните излегуваат со маска од две причини. Да се заштитат и од вирусот, и од загадениот воздух. Разочарани од локалните власти, повеќето изгубиле надеж дека ќе се реши овој проблем.

Пулмолозите секојдневно алармираат. Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени само на дишните патишта, туку и на сите други органи. Загадениот воздух може дополнително да ги зголеми ризиците од рак и други болести.

Инаку, на светско ниво, Македонија се најде на шестото место по загаден воздух. На првите три места вчера најзагадени градови во светот беа Делхи, во Индија, Лахоре во Пакистан, на трето  Колката во Индија.

Од Град Скопје велат дека постојано работат на решавање на проблемот. Дел од мерките кои ги презеле се топловодната мрежа која му е дадена на Град Скопје на трајно користење, но сепак скопските општини сеуште со топлинска енергија ги снабдува БЕГ, 5000 субвенции за инвертер клима уреди и околу 900 субвенции за печки на пелети, во милионски град.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста