Загаденоста на голема врата се враќа во македонија, Шилегов вели дека се работело на проблемот

Корона вирусот оваа зима нема да биде единствен проблем. Грејната сезона почна, мерните станици за квалитет на воздухот се обоија во црвено, но дали во време на пандемија градоначалникот Петре Шилегов има стратегија како да се бори со загадениот воздух.

Годинава ќе дишеме почист воздух за разлика од минатите години, не убедува првиот човек на Скопје, без конкретно да објасни што точно ќе преземат во пресрет на зимата. Петре Шилегов се правда дека се работело на проблемот, иако како што вели, тоа не можело да се реши веднаш. Чекорите што ги прави Градот, вели даваале резултат, иако сликата на терен е и повеќе од алармантна. Повторно прстот го впери кон Алфа, поради неочекуваните прашања.

  • И вие како новинар и вашиот медиум ТВ Алфа мислам дека перманентно и фокусирано ја пратите мојата работа и навистина сум изненаден од ваквите прашања. Веројатно знаете дека битката со загадувањето не е битка која што ад хок ја стартувате и ад хок ја прекинувате. Таа е перманентна и ние во текот на овие три години превземаме мерки кои што даваат број на намалени загадени денови, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Иако градските власти најавија дека ќе субвенционираат клими, добар дел од граѓаните се уште ги чекаат. Од Градот ветија  дека старите печки ќе ги земале од домовите на граѓаните, но тоа до сега не се случи. Шилегов се правда дека се било поради пандемијата. 

Во меѓу време се погласни се граѓанските организации кои се борат за чист воздух. Бараат властите ситемски да го решаваат проблемот со загадениот воздух со многу поригорозни мерки за загадувачите.

Како најголеми загадувачи изминатиот период беа палењето на отворено, емисиите од индустријата, депониите со отпад, неконтролирана урбанизација, загадување од загревањето, но и сообраќајот кој наместо да се регулира, станува се поголем.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста