Заев за Јуни, Мицкоски за август или септември, се крчка ли компромис за избори?!

Четири дена до истекот на вонредната состојба и исто толку за нова лидерска средба за датум за избори.Во спротивно барем според власта, доколку Пендаровски не прогласи нова вонредна состојба продолжуваат да течат роковите од 22 дена до избори на 21 Јуни. Сепак партиите иако официјално се уште се на ставовите од последната средба во Вила Водно за Јуни и Септември, неофицијално се водат преговори за компромисен датум. 5 Јули се споменува како варијанта за изборно соочување. Но не е исклучено гласањето да се случи и на средината идниот месец. 5 Јули според непотврдени информации го разгледувал дури и Заев со коалициските партнери. Овие варијанти биле разгледувани и во ДУИ од каде велат дека изборниот датум не мора да се договори на лидерска средба туку Талат Џафери да донесе ново решение.

Техничкиот премиер Спасовски вели дека ќе се побарало продолжување на вонредната ако се оценело дека така подобро ќе с еменаџира ситуацијата. Ги повика лидерите да бидат разумни и одговорни.

“Очекувам да се поттикне дијалогот меѓу политичките партии. Затоа што денеска се разговара и се зборува за интерес на државата и граѓаните. Ако најголем интерес е државата и граѓаните, тогаш мислам на минимум треба да се сведат личните или партиските интереси и одлуките да ги носиме во интерес на граѓаните и државата”, вели Спасовски.

Дека до крајот на неделава треба да се постигне консензус за изборен датум потврдува и Заев. Тоа му го споменал и на в.д. премиерот на Косово.Од кого дознаваме дека во Македонија избори ќе има во јули.

Мицкоски пак е со став дека август и септември се опции кога здравјето на граѓаните нема да биде во опасност.

“Факт е дека датата за избори кои што ќе се случат треба да се донесе со компромис. СДСМ и Заев инсистираат изборите да бидат во јуни бидејќи моментално имаме многу лоша ситуација во државата на здравствен и економски план. Ние цениме дека крајот на август, почетокот на септември можеби би биле добри дати за одржување на изборите од позиција на заштита на здравјето на граѓаните”, вели Мицкоски.

Варијантата на Зев за 21 Јуни изгледа поневеројатно ако се има предвид и фактот дека ДИК излезе со став дека не можат да реализираат избори за дваесет дена.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста