Заев во случаите „Рекет 1“ и „Рекет 2“ прекршува низа закони и врши упад во судството

Јавното обвинителство одбива да одговори, дали протекување информации за време на истрага и предистрага е кривично дело, а јавно обелоденување на истите е блокирање на постапките, па макар и гласноговорникот е  премиерот Зоран Заев. По вчерашната изјава на премиерот дека Фондот за здравство го известувал за наредбите на обвинителство во врска со тековна истрага, Алфа се обиде да дознае кои државни институции се должни да реферираат на претседателот на владата кога до нив стигнуваат наредби за истраги. Прва линија за водење истраги е МВР. Полицијата спроведува наредби на обвинителството без да дава отчет, вели министерот Оливер Спасовски.

Министерката за правда во одбрана на Заев, не гледа ништо спорно што информации за водење истраги стигнувале до Кабинетот на претседателот на Владата.

Ова не е прв пат премиерот да го информираат за истражни постапки. Пред една година кога обелодени дека за двајца функционери на СДСМ, финансиска полиција повела постапка. Истрагата доживеала фијаско по вина на Заев призна во едно телевизиско интервју, а јавноста никогаш не дозна за каков криминал станува збор, а се спасија и криминалците. И мегаскандалот Рекет, помина низ рацете на Заев, обвинителката Вилма Рускоска тврдеше дека лично тој  ја информирал дека го рекетирале бизнисменот Орце Камчев. И адвокатката на Катица ЈАнева, Ирена Фрчкоска била на линија со Заев, па си зборувале за стратегија на одбраната односно за мерката притвор на екс специјалната обвинителка,  Вчера премиеорт кажа дека отчет за истрага му дал и Фондот за здравство, кога од обвинителство им наредиле да им достават документи за договорот со центрите за дијализа.

Катерина Гетева