Заев во обид да измисли нов мултиетнички македонски народ

Премиерот Заев гостин на изборот на Мило Ѓукановиќ за старо нов лидер на црногорската владеачка Демократска партија на социјалистите.

Мило Ѓукановиќ е најдолготрајниот политичар на Балканот и во Црна Гора кој е на власт цели 28 години уште од времето на СФРЈ.

Во своето обраќање Заев им пренесе поздрави на своите левичарски сојузници во Црна Гора од како што рече „мултиетничкиот македонски народ“.

„Почитувани, дозволете да ви пренесам топли поздрави од мултиетничкиот македонски народ. Република  Македонија почитува што под раководство на ДПС и Мило Ѓукановиќ ја донесовте независноста на Црна Гора, станавте членка на НАТО и сте лидер во интеграциите на ЕУ во Западен Балкан. Ова лидерство во регионот е изразено преку најголема просечна плата во земјата, лидер во растот на БДП“, посочи Заев.

Со воведување на досега непозната дефиниција на мултиетнички народ Заев целосно им контрира на досега познатите тези  за народ, нација, држава или општество.

 

Според досега познатите научни објаснувања еден народ како македонскиот не може да биде мултиетнички или повеќенационален.

 

Дали ова премиерот го прави од незнаење или се работи за обид да создаде нов вид народ согласно барањата на Грција и Бугарија досега нема официјално објаснување од владата.

 

За само неколку дена Заев во два наврати ја споменува синтагмата мултиетнички народ што укажува дека се работи за двоен гаф или за концепт во кој македонскиот народ треба да се претвори во поинаков вид ентитет од  сегашниот.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста