Заев во нов скандал: Тајни средби со контраверзен магнат за склучување на договор за болници за кој се води истрага во Малта

Албанските медиуми открија нов скандал поврзан со власта во Македонија. Поранешниот премиер Зоран Заев имал тајни средби со екс премиерот на Малта, Џозеф Мускат и либискиот тајкун Шаукат Али Гафур. Според албанските медиуми тој тајно договарал влез во Македонија и партнерство со Либија во македонското здравство, со што практично би можеле да влезат милиони евра од македонските осигуреници во приватниот бизнис на Шаукат.

Според пишувањата, она што е интересно е што при посетата на Малта во делегацијата е и министерот за здравство Венко Филипче, што само ги зголемува сомнежите дека во Малта се случила споменуваната тајна средба на која се разговарало за контроверзниот бизнис, пишуваат медиумите.

Сомнежи околу работата на Али Гафур има од поодамна. Како што објавуваат медиумите тој работи по однапред утврдена шема, според која државата учествува во приватното партнерство со одредена сума, се додека таа не се испумпа надвор од државата, по што основаните компании банкротираат, што и се случи во Малта, поради што таму се спроведува обемна истрага.

Имено, во времето на владеење на Мускат отворен е случај за купување на болниците Vitals Global Healthcare (VGH) од страна на компанијата Стујард поврзана со Шаукат, договор вреден 7 милијарди евра, и скандалозна продажба за само 1 евро, што во моментов е предмет на истрага поради сомневање на перење на пари и проневера на државните финансии.

Како што пишуваат албанските медиуми, Заев стапува на сцена – со посредство на Рама, се среќава со контроверзниот тајкун Али Гафур.
Во 2018 година, Мускат ја посетил Македонија за да се сретне со Зоран Заев кој во тоа време беше премиер, придружуван од официјални лица од компанијата „Стјуард“. Дискусиите биле насочени кон воспоставување на сличен модел на „јавно приватно партнерство“ за Западен Балкан, којшто бил имплементиран, но истиот доживеал неуспех во Малта.

Истата година Заев ја посетил и Малта за тајно да се сретне со Мускат и Гафур за да разговараат за плановите. Состанокот никогаш не бил објавен, но фотографијата што ја имале на увид од порталот „Exit news“, потврдува дека состанокот се случил.
Оставката на Заев донекаде ја искомплицира работата, но со помош на Рама, Гафур се надева дека неговиот план да зграби важен терен на Балканот, и секако пари од даночните обврзници, сепак ќе се реализира. Но, ако Заев не биде реизбран, тогаш оваа добро испробана шема ќе биде загрозена, пишува „Exit news“ во својата објава.

Останува и понатаму нејасно, зошто Заев ја криел средбата со Шаукат. Инаку, поранешниот премиер на Малта, Џосеф Мускат си поднесе оставка по масовните протести, откако беше директно посочен како одговорен за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, која пишуваше за криминалите на тамошната власт.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста