Заев во Берлин бара поддршка од Меркел и Макрон за датум за преговори со ЕУ

Македонската влада повторно бара амин од меѓународните тешкаши за доближување на земјава до големото европско семејство. На еден месец до добивање на европскиот извештај, премиерот Заев во последен обид да ги добие симпатиите на францускиот претседател макрон во Берлин ќе разговара за судбината на Западен Балкан. И денеска на маса, македонскиот тим ќе убедува дека земјава ги исполнила сите точки од зададената задача, но и ги имплементирала реформите.

Додека актуелна власт на чело со Заев уверува дека на чекор сме до влез во европското семејство, граѓаните не го делат неговото мислење. Разочарани од моменталните политики, не веруваат во приказната за ЕУ, која ја чинеше Македонија промена на уставното име…

Шансите и објективните можности нешто да се добие во јуни се еднакви на нула, коментира за Алфа поранешниот дипломат Никовски. Вели бројните афери и скандали кои се случуваат во македонија и не завршувањето на домашната задача за спроведување на реформите, се сериозен тест кој треба да се положи.

На почетокот на април Заев и телефонски и се пофали на Меркел дека се случила историската средба со Ципрас, а развојот на односите меѓу двете земји е позитивен пример за Западен Балкан и добра вест за Европа.Но не само пофалбите, премиерот отворено побарал помош за поголема поддршка од европските челници.

Од 2005-та Македонија е со статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Сите досегашни извештаи беа без конкретен датум за почнување на преговори. А водечките членки на ЕУ веќе јасно кажаа дека проширувањето на Унијата за влез на македонија и Албанија во пакет не се добра опција во моментов, па и очекувањата од денешниот Самит се дека одлуката за одредување датум за почеток на преговорите треба ќе се одложи до септември годинава.

Ивана Соколовиќ Најдова