Заев верува во решение на проблемот со Бугарија – резервен план немаме

Власта нема план Б ако ниту новата бугарска влада која би требало да биде формирана по изборите во ноември, не отстапи од црвените линии за интеграциите на Македонија. Премиерот Заев разговарал со бугарскиот шеф на државата Румен Радев, па очекувал дека до декември ќе биле заокружени разговорите со источниот сосед а со тоа ќе значело и надминување на проблемите.

Специјалниот претставник на Македонија во преговорите со Бугарија Бучковски пак не мисли така. Во последното интервју јасно порачува дека со оглед на политичката криза во која се наоѓа Бугарија за сега тешко е да се надеваме на решение. 

На иста линија и членот на стратешкиот совет при МНР и поранешен функционер на СДСМ Гордан Георгиев. Дециден е дека европските челници мора да бидат начисто за прашањето со македонските интеграции, а соседите да пресечат – или ја подржуваат или не земјава на патот кон полноправно членство во ЕУ.

И додека премиерот е оптимист за можно решение со бугарските власти, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи пак вели дека до решение нема да стигне лесно. За него сега не е прашање само на тоа дали Македонија ќе ја одржи првата конференција оваа година, туку која е перспективата на регионот по однос на Унијата и кој е кредибилитетот на целиот овој процес.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста