Заев вели сме имале пошироко срце за бегалците, од членките на ЕУ, не кажа колку пари Македонија ќе потроши за нив

Премиерот Заев не открива колку ќе ја чини Македонија прифаќањето на бегалците од Авганистан, во време на економска и ковид криза.  За влезот во таканаречената мировна мисија на која како што вели би требало да бидеме горди, поголем дел од трошоците ќе ги покриеле невладините организации и САД, но државава ќе треба да ги сноси трошоците за превоз, ПЦР тестови, вакцини и здравствени прегледи.

Досега за се што е потврдено трошоцит еќе ги покријат организациите, САД, невладините организации, но тоа не значи дека ако треба нешто да покриеме и ние ќе покриеме. Ќе носиме трошоци за превоз од аеродром до хотели, ПЦР тест, вакцина и здравствен преглед. Нема потреба да нудиме работа, имаме потврдено 15 новинари, новинарот од Би-Би-Си ќе работи за Би-Би-Си, одредени активисти за организациите ќе работат, тие се вработени во тие организации, изјави премиерот Заев.

Додека голем дел од земјите од ЕУ, кои имаат значително посилна економија од Македонија, одбиваат да прифатат иселеници од Авганистан, или прифаќаат само десетина, Македонија сама се понуди да прифати и повеќе од  1000 бегалци. Според Заев, тоа значи дека сме имале пошироко срце од другите.  

„Имаме поголемо срце, чувствуваме поголема хуманост од другите, веројатно затоа што регионот минал своевидни трауми од блиско минато и знае како е некој да подаде рака“, рече премиерот Заев одговарајќи денеска на новинарско прашање зошто Македонија ќе прими повеќе иселеници од Аванистан од многу други земји на ЕУ – додаде Заев.

Иселениците ќе добијат статус на времен престој од 90 дена, а како што рече премиерот, не значи дека тие треба цело време да бидат затворени во капацитетите. Надлежните зборувале и за нивниот безбедносен аспект и слободата на движење.

Додека Македонија сама се нуди, други земји веќе воведуваат мерки за заштита на нивните граници… Грција, ја заврши изградбата на ограда, долга 40 километри, на границата со Турција, и поставила нов систем за надгледување, со цел, да се спречи мигрантски бран, како во 2015-та година.. Претседателот на Турција, Ердоган изјави дека земјата нема намера да стане европско складиште за мигранти, И Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека доволно лица биле примени со мигрантската криза.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста