Заев уште еднаш си го погази зборот

Политичкиот брак СДСМ –ДУИ воскресна и покрај низата неумесни коментари кои си ги упатија лидерите на двете партии. Почнувајќи од кој колку ракии пие во кафеана, кој станал бог од долго владеење, а кој треба да замине во опозиција, Ахмети и Заев по шоу програмата која ја приредија за јавноста повторно си подадоа рака за да раководат со владата. Заев попушти пред Ахмети и покрај навидум цврстите ставови и ветувања кои ги имаше дека нема да потклекне на уцените на ДУИ за премиер од албанската заедница во земјава.

“ДУИ заминува во опозиција. Pse JO BDI ne opozit? Зошто не ДУИ да биде опозиција,” изјави Заев.

Заев неколку пати тврдеше и дека нема шанси да прифати  премиер од албанската заедница.

“Дали во тој случај би прифатиле таков ултиматум, таков услов од страна на ДУИ¬? Секако дека не, ултиматум не треба да прифаќа ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети, ниту било кој да прифаќа, изјави Заев.

Сепак Заев не си остана на зборот, ниту ДУИ замина во опозиција, напротив го остварија и нивното „псе јо“ за премиер.

Заев и Ахмети во битка за гласови во изборниот процес си изнакажаа многу работи , Заев дури велеше дека Ахмети предел како маченце, а Ахмети го обвинуваше Заев дека после некоја ракија ги менувал ставовите пред граѓаните, а на само кога биле зборувал друго.

Претходно Заев зборуваше и дека нема да се менува името, ниту пак ќе имало двојазичност низ Македонија, но сепак промените се реализираа, а мандатот од 3 години и 9 месеци а не полн 4 годишен како што вчера го најави , е само уште едно во низата на самодеманитрањата на претседателот на СДСМ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста