Заев со понуда до ВМРО-ДПМНЕ заеднички да направат Влада

Заев предлага заедничка Влада во Македонија заедно со ВМРО-ДПМНЕ по примерот на Германија и Швајцарија. Се случува ли нов пресврт на политичката сцена? Потврдува ли премиерот дека тенкото мнозинство кое пред неколку дена му изгласа доверба во Собранието е навистина на стаклени нозе и речиси нефункционално? Сака ли да ја подели одговорност за лошата состојбата со ковид пандемија, блокадата од Бугарија , економскиот колапс?  Во интервју за Утрински брифинг првиот човек на власта вели понудата за заедничка влада е отворена.

-Нудиме соработка од секој можен аспект. Сѐ што можеме да направиме, да направиме. Дефинитивно мора да имате човек од другата страна да разговарата. Јас овде ќе кажам дел од новата политика, мислам дека имам толку почит во СДСМ, да го поминам тоа е да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата. Но, да има човек со кого ќе можам да разговарам и Мицкоски не се разговара, вели Заев.

Заев вели дека наводно целта на оваа влада е да се департизира администрацијата и да се сузбие клиентелизмот во судството.

Во таква околност, ние ќе го забрзаме нашиот од, напред. Исто како во Германија каде 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи, повеќе е застапен и премиерот е на власт, или обратно. На тој начин ќе престанат блокадите во Парлементот, се ќе се решава прво тука во Владата. Затоа велам ајде да влеземе сите, ја отворам првпат оваа можност. Но, се е до луѓето дали се подготвени за тоа. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам.  Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, рече Заев.

Од опозицијата  велат дека би размислиле за техничка Влада односно експертска.

Доколку експертската Влада на чело со човек кој што би бил заеднички прифатлив, надпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се органзиираат предвремени паламентарни и локални избори , ние сме спремни да разговараме за таков концепт- вели Антонијо Милошоски – ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставка од целата влада и формирање на експертска.

„Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот“, рече Мицкоски (23.02.2021).

Тогаш ваквото барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на власта беше отфрлено, и пратениците од власта  гласаа доверба со само 62 пратеници на сопствената Влада, за да следниот ден Парлементот да го нема потребното мнозинство на непречана работа на истиот.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста