Заев се стави на страната на Филипче во судирот со Пендаровски

Отворен судир влада претседател за недоволната количина вакцини против ковид-19 и масовната вакцинација на македонски граѓани во Србија.Заев застана на страна на Филипче по вчерашната преписка на министерот за здравство со шефот на државата Пендаровски. Премиерот, ставот на Пендаровски го оцени како напад кој според него бил несоодветен. За одговорот на Филипче Заев бил информиран. Ставот бил изграден по заедничка координација.

“Јас многу го почитувам претседателот Пендаровски, ама нападот од него не е соодветен, со оглед на сите напори што ги правиме за набавка на вакцините. Знам за одговорот на министерот Филипче, секако дека сум упатен кога реагира член на Владата. Но слободата е голема придобивка. Едно време беше незамисливо да има несогласувања меѓу претседател и министер. Еве, сега гледаме дека не може да се согласуваме за сѐ. Здраво е да имаме и несогласувања, ама тоа не значи дека не се почитуваме”, изјави Заев.

Наспроти ваквиот став Заев пред неколку дена изјави дека вакцинирањето во Србија му предизикало непријани чувства.

Претседателот Пендаровски вчера по седницата на Советот за безбедност изјави дека тоа е срам за Македонија. Државатаа на нејзините граѓани треба да им овозможи вакцинација дома, рече Пендаровски.

“Такви слики едноставно не може да се повторат. Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно државата мора да пружи здравствена заштита тука. Точно е дека се потпиравме на Ковакс, кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира”, изјави Пендаровски.

Филипче возврати истакнувајќи дека е изненаден од ставот на претседателот. Според министерот за здравство изостанала поддршката од Пендаровски во набавка на вакцините. Според претседателот пак првичните контакти о производителите на вакцини оделе токму преку него.

Од друга страна новинарот Бранко Героски на Фејсбук го прозва Филипче за вакцинација во шатори на Табановце која би ја спровела Србија . Героски прашува дали ова се случило во јануари или февруари, а Филипче ја одбил понудата на неговиот срспски колега.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста