Заев се правда дека не пиел алкохол, Ахмети погрешил

Нивото на разговор на политиките партии во власта, се сведе на препукувања кој колку ракии пие во кафеана, а кој станал бог на македонската политичка сцена.

Политичкиот брак кој речиси 3 ипол години функционираше меѓу Заев и Ахмети сега пука по сите шевовои.

Вчера првиот човек на интегративците во интервју за албанска телевизија вели дека Заев е човек кој едно збори на едно место, а друго на друго место.

“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, истакна Ахмети за SyriTV.

Заев пак со одговор до Ахмети, и овој пат одговори за себе со трето лице.

„Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промаршил комплетно. Значи, Зоран Заев може со македонско вино, домашна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот“, рече Заев.

Вели не пиел алкохол , а кога се правдаше за бомбата каде вели ќе собере шуто и рогато и ќе пушти низ вода, вклучувајќи ја и Шарената револуција, кажа грешки се случувале по 2 саати седење во кафана.

Секако после 2 саата и 17 минути седење во кафана на слободен разговор се случуваат грешки, сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам. Ниту сум го мислел тоа, ниту сум имал некои непријатности во работењето, напротив имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, рече пред 5 дена Заев.

Изјавата на Ахмети за Заев и ракиите доаѓа неколку дена по оваа изјава,но сепак иако имаат несогласувања, Ахмети вели дека за нив е подобро на изборите да победи СДСМ, но сепак за тоа одлучувале гласачите.

Заев утрово истакна дека долгото владеење на ДУИ ги направило богови, и дека е здраво да заминат во опозиција.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста