Заев се правда дека било грешка поставувањето двојазични табли, ќе има ли одговорност?!

Ќе има ли одговорност за поставување на двојазичните табли во градовите каде нема што согласно законот за јазици нема 20% Албанци. Лидерот на СДСМ Зоран Заев во телевизиска емисија призна дека во Прилеп и Кавадарци, раководителите на албанската заедница направиле грешка, и таблите биле тргнати. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, му одговори на Заев дека таблите свесно биле поставени за да ги револтираат граѓаните.

Алфа праша и во Владата дали некој ќе понесе одговорност, но до емитување на овие вести, одговор од таму нема.

Мицкоски го предупреди Заев дека власта не ги почитува преопораките на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците. Клучната забелешка според него е што Комисијата реагира за повреда на процедурата во Парламентот, а не за содржината на законското решение.

Контроверзниот Закон за употреба на јазиците, за кој Венецијанската комисија имаше низа сериозни забелешки околу неговата применливост, ги подели коалициските партнери.

Додека од СДСМ ветуваа дека ќе се имплементираат препораките на Комисијата, од ДУИ им порачаа дека измени на Законот ќе нема, оти за тоа немало расположение кај албанските пратеници.

Венецијанска оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права. Комисијата понатаму забележува дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста