Заев се појави, ама не кај пожарите, туку на плажа

Македонија гори, Заев се сонча. Во ситуација кога цела држава е крената на нозе да се бори со страшните пожари кои им се закануваат на Пехчево,  Кочани, Прилеп, светиниколско и други региони, премиерот Заев и дел од клучните министри, меѓу кои и министерот за внатрешни Спасовски, си заминале на летен одмор. Тие ќе летуваат до 12 август и барем засега нема некоја најава дека ќе го прекинат одморот иако ситуацијата во Македонија е критична.

Додека Заев и министрите се разладуваат на некоја плажа, во битката со пожарите животот го ризикуваат голораки граѓани, слабо опремени пожарникари, војници и полицајци. Поради опасноста дури и други држави испратија помош, па така огновите ги гасат српски хеликоптери, а на терен пристигнаа околу илјада пожарникари од Словенија, Австрија и Бугарија, со своја опрема.

Дури во македонија е прогласена кризна состојба, но тоа не го спречува премиерот и министрите да го одложат одморот и како најодговорни да си ја вршат својата функција.

Откако Алфа вчера јавно го постави прашањето каде е Заев и неговата екипа, денеска од Влада се огласија на Фејсбук, дека иако министрите и премиерот се на одмор, тие биле во тек со случувањата преку телефон и интеренет. Груби, Шеќеринска,Бочварски и Хоџа биле одговорни за теренска координација.

Во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор.

Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки-велат од владата.

Алфа се обиде да дознае и каде летуваат министрите, но одговор не добивме.

Оваа безсрамна ситуација предизвика гнев во јавноста. Граѓаните се бесни и бараат одговорност.

Пожарите можеа да почекаат Заев да одмори

Заев морал ланскиот одмор да го искористи… Инаку ќе му пропаднел

Од плажа најдобро се гасат пожари. Еве Заев знае како е. Од 4 држави дојдоа да не спасуваат, тој како премиер се сонча

Господинот Заев будно ја следи ситуацијата со пожарите во државава.

Народот нека гаси пожари со кофи и лопати, власта на плажа ужива . Aј што се неспособни, туку се и без осет-пишуваат граѓаните.

Последен пат Заев се појави на 2ри август на пожарот во Кочани, практично од наредниот ден тој заминал за одмор иако веќе пожарите земаа се поголем замав.

Мери Ѓорѓиевска

https://www.youtube.com/watch?v=SHPlkKCsUWA&feature=youtu.be

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста