Заев разговарал 8 минути со лажната Грета Тунберг

Планирал ли навистина Заев , за да и се допадне на Грета Тумберг, да затвора аеродроми, да населува мигранти и да дозволи пушење на марихуана на јавни места во Македонија?

Вчера доцна вечерта беше објавен разговор од 8 минути кој го водел екс премиерот со лажната Грета и нејзиниот татко. Всушност станува збор за телефонска комуникација меѓу првиот човек на Владата и руските пранкери познати како Вован и Лексус.

Грета Тунберг: Мислам дека треба да затворите некој од аеродромите за да се намалат јаглеродните емисии.

Зоран Заев: Во ред, тоа е исто така добра идеја. Да зошто да не. Зошто да не. Секоја идеја е добро да се разработи имплематицијата и да се има добри резултати од тоа.

Покрај делот за затворање на некој аеродром, Заев и лажната Грета зборуваат и за населување на мигранти во Македонија. Како и за пушење марихуана.

Грета Тунберг: мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја….

Во разговорот се слуша како лажната Грета го наведува Заев да зборува за Доналд Трамп и за Емануел Макрон, а тој вели дека Макрон не треба да ги менува постојано позициите.

Грета Тунберг: Макрон е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, не знам што им има ветено.

Зоран Заев: Нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде повеќе одговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од апсект на постојано менување на позициите.

Точниот период, кога се случил наводниот разговор,  не е познат, но се претпоставува, дека местенката, е од  ноември, минатата година, кога и Владата,  и советникот на Заев – Забрчанец, театрално се пофалија,  дека бил спречен односно разокриен, многу софистициран хибриден напад, но дека Заев, иако се сомневал во автентичноста на соговорниците, сепак решил да го заврши разговорот..

Претходно Заев беше мета на истите пракнери каде тие му се претставуваа како Порошенко и Столтенберг . Со нив зборуваше за влијанието на Русија во Македонија, за референдумот, за автокефалноста на Македонската православна црква, при што лажниот Порошенко го убедува премиерот дека автокефалноста може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј, а разговараат и за Косово и за Србија.

Мери Ѓорѓиевска

Поврзани вести