Заев призна дека изборите ќе бидат без целосен мониторинг на ОБСЕ

На денешната прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, а во врска со изборниот процес којшто го најави, призна дека ОБСЕ нема да има целосна набљудувачка мисија.

-ОБСЕ се изјасни дека ќе испратат мисија соодветна на коронакризата не треба да очекуваме полна мисија, но мисија којашто ќе ги заврши своите надлежности, за да може мониторингот процесот да биде завршен, рече Заев.

Лично очекувам за да бидат сите мирни во изборниот процес дека ОБСЕ да ни помогне и од соседните земји, имаме една земја која има 450 луѓе од ОБСЕ, посебно амбасадорите, службите во самите амбасади се набљудувачи, помагачи и верувам дека тоа ќе го завршат, вели Заев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста