Заев пред тежок испит во Струга – ќе повика ли за поддршка за Мерко

Битката за градоначалничката фотеља во Струга помеѓу Разми Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса е една од најнезвесните,но она што провлекува внимание е дали лидерот на СДСМ Заев и овој пат ќе ги повика граѓаните на Струга да гласаат за кандидатите на коалициониот парнер ДУИ како што тоа го стори во 2017-та година ? Ќе седне ли Заев повторно во скутот на Мерко иако своевремо изјави дека се изгорел токму со поддршката на Мерко.

Соодветни кандидати зад кои што веруваме,ние застанавме иако се изморивме реално со кои кандидати,бевме заедничка коалиција.Со кој најмногу жалите? Со господинот Мерко, жалам !-рече Зоран Заев-Претсед.на СДСМ.

Неприкосновениот Мерко кој стружани на шега го викаат македонската Ангела Мекел,не осврнувајќи се на забелешките од своите сограѓани кои го критикуваат за предизборно асфалтирање, изведување на паркинзи и велосипетски патеки без никакви критериуми, за потрошените 78.000 ева на софри и скапи автомобили, и покрај неколкуте кривични пријави- тој се бори за 4 мандат.

Мерко уште повеќе го привлече вниманието за вменр на изборната кампања,ветувајќи  еколошки бродови со сончеви колектори,туристичка зона со хотели и базени,скијачки терени и што уште не.

“ Мерко да не си на скриена камера? За почеток убаво ќе беше со колектор во Радожда да почнеш.А за да скија некој, треба да има луѓе во Струга,никој не остана сите се странство! Депонијата планина се стори ,таа е рак рана на Струга,катастрофа ! Од екологија само Аудо А6 признавам.Немој само на месечина да заминеш,што ќе прави Струга без тебе ,еднаш мајка како тебе раѓа “

Окуражен од благото водство од 1536 гласа во првиот круг,Мерко прокачива фотографии на социланите мрежи, овековечувајќи спомени со неговите симпатизери. Ќе успее ли Идри Истрефи да ја стопи предноста на Мерко и дали Заев ќе го погази сопствениот збор, ќе се знае на 31-ви октомври. До тогаш,ќе се врти спотот на ДУИ каде Мерко во фамерки трча претекнувајќи ги останатите тркачи кои се влечат по патеката, а Мерко орен со рашерени раце ги чека на целта ! ( СПОТ 10 секудни)

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста