Заев пред Судот раскажа „поинаква приказна“ за Монструм

Немам ниту докази ниту информации дека тогашната власт вршела притисок врз судот или обвинителството за случајот Монструм. Нема никаква вмешаност на Трајко Вељановски во случајот, ниту некој од ВМРО ДПМНЕ разговарал телефонски со обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Ова се поентите од 2,5 часовното сведочење на лидерот на опозицијата и поранешен премиер Зоран Заев што денеска под заклетва го кажа во судот на судењето за случајот Монструм.

Родителите на убиените деца го потсетија Заев дека им тврдел оти возилото опел со кое се возеле убијците било на МВР, за сега да објасни дека таква информација слушнал, но апсурдот да биде уште поголем на кој предочи таткото на убиениот Александар, Горан Наќески, во самата пресуда која ја имал Заев била белешка од Интерпол во која пишувало дека возилото е на жител од Качаник. Освен родителите, и одбраната на обвинетите имаше прашања за Заев. Адвокатот го праша дали се сеќава на средба која ја имале и на истата присуствувале претставници на меѓународната заедница, на што екс премиерот потврдно одговори.

„А дали се сеќавате дека рековте дека авторот на предметот, „Монструм“ е Синиша Алексоски – праша НАсер Рауфи, мислејќи на советникот за национална безбедност во кабинетот на поранешниот претседател на државата Иванов

„Не се сеќавам да сум спомнал такво нешто. Може сум прочитал нешто, сум слушнал нешто затоа пак ќе кажам дека случајот треба да се истражи до крај“ – одговори Заев

Заев и пред судот и пред медиумите зборуваше како Монструм се уште да е во истражна постапка. Не се сети дека во транскриптите имало и доказ дека по убиството вицепремиерот Бујар Османи бил во посета на обвинетиот Хаки Азири, а Мухамед Зекири бил пријател со обвинетиот Фејзи Азири. Новинарите се интересираа зошто Заев од позиција на опозиционер говореше едно, за сега да ретерира.

Заев во 2015 од позиција на лидер на опозиционер тврдеше дека има прислушувани разговори со кои ќе се открие вистината за Монструм, за денеска во суд во својство на сведок да каже дека не добил целосна слика за петкратното убиство што се случи на велики четврток 2012 година.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста