Заев повторно во тесно и повторно најавува оставка- дали конечно ќе го исполни кажаното?!

По којзнае кој пат премиерот Зоран Заев на еден начин повторно најави повлекување. Сега доколку во вториот круг го загуби Скопје.

(ДАЛИ ПРЕМИЕРЕ НА ЕДЕН НАЧИН НАЈАВИВТЕ ДЕКА АКО НЕ ГО ДОБИЕТЕ СКОПЈЕ, НЕМА ДА МОЖЕТЕ НИ ВЛАДАТА ДА ЈА ВОДИТЕ, БАР ТАКА ВИ БЕШЕ ОДГОВОРОТ СПОРЕД МЕНЕ?) Јас денеска кажав дека јас не можам да водам Влада, ниту Влада предводена од мене да движат во спротивни правци. Нашиот правец е напред дома, обединување, едно и еднакво општество за сите, владеење на правото, борба против криминалот и корупцијата, унапредување на економскиот стандард на граѓаните, одговори Заев на новинарско прашње.

Став кој премиерот го немаше пред само неколку дена. А дури и запрашан за оставка одговараше малку нервозно и отсечно со еден збор.

-(СЕ НАОЃАМЕ НА ШЕСТ ДЕНА ДО ИЗБОРИТЕ, ДАЛИ ДОКОЛКУ СДСМ ИМА ПОМАЛКУ СОВЕТНИЦИ НА КРАЈОТ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, МОЖЕБИ БИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА?) НЕ! (НЕ БИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКА…), порача Заев.

А оставка беше најавува и многу пати претходно, но премиерот не си го исполни својот збор. Најави оставка aко референдумот за промена на името не успее. Референдумот не успеа, а Заев на е се уште функција.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година, ако падне референдумот и не успее веројатно завршуваме ние со политиките. Но зошто би ни била потребата за владеење кога нема иднина, изјави Заев.

Заев во очаен обид за глас повеќе, им порача на граѓаните и дека знаат што да прават. Меѓутоа, премиерот и претходно порачуваше дека примал од граѓаните и најавуваше чистки.

-Пораката е дека има незадоволство, има незадоволство од функционери, од централната и од локалната власт и таа порака еве јас прв меѓу еднаквите ја примив. И не само што ја примив, туку и им возвраќам. Секако дека ќе има чистка, секако дека ќе расчистиме, изјави Заев.

Чистка, т.е. метла како што ја нарече Заев, сепак имаше, меѓутоа таа ги измете само шефовите на општинските организации на партијата.

-Сите претседатели на општински организации, ги има вкупно 78 претседатели на општински организации од 80 општини се разрешени, порача Заев.

Заев кој сега најавува оставки, во предизборниот период како да стана алергичен на овој збор, па запрашан дали би поднел оставка при пораз на локалните избори, кој го доби, не беше баш најрасположен да го слуша овој збор.

-(ДАЛИ ВИЕ ЛИЧНО РАЗМИСЛИВТЕ ЗА ОСТАВКА ОД МОРАЛНИ ПРИЧИНИ ПОРАДИ ОВАА ТРАГЕДИЈА?) За што Мицкоски да дојде премиер да биде? Не размислувам, затоа што ќе бидат премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, кога ќе заслужат, кога ќе имаат емпатија со народот, кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе дадат идеи, а не вака грозотијата да ја користат на навистина на најперфиден, најлош начин, изјави Заев.

Заев не беше расположен да зборува ниту за оставка на Филипче поради трагедијата во Тетово, дури барањето одговорност го нарече банално.

-(КАЖАВТЕ ДЕКА НЕМА ДА ПОНЕСЕТЕ ЗА ДА НЕ БИДЕ МИЦКОСКИ ПРЕМИЕР, ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ВИЕ СТЕ ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН И ВО ВАШАТА ПАРТИЈА НЕМА НЕКОЈ СПОСОБЕН ДА ВЕ ЗАМЕНИ?) Мислам дека ниту е соодветно на почитта кон пензионерите, ниту кон манифестацијата која ја имаме. Никако нема да дозволам понатаму да навлегувам во делот одговарање на прашањето, затоа што сигурно и вие приметивте дека станува банално ова целото ова. (ШТО БАНАЛО ПРЕМИЕР ДА СЕ БАРА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈА?) Моралната одговорност е испорачана господине новинар од страна на директорот, економскиот директор, заменик министерот и министерот, изјави Заев.

Откако Македонија го промени името, Заев вети добивање датум за старт на преговори со Европската унија. А најави и заминување од функцијата ако датумот го нема. А него како што можеме да видиме го нема, но Заев го има се уште на премиерската позиција.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста