Заев повторно го погази кажаниот збор- може ли да му се верува на македонскиот премиер?!

По се изгледа премиерот Зоран Заев уште еднаш по којзнае кој пат си го погази кажаниот збор. Сега за македонскиот јазик. Многу пати од неговата уста беше кажано дека за истиот нема преговори, за сега да се појави лисабонскиот патоказ, кој Заев го однесе во Софија, како решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. А таму стои дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година, а бил кодифициран во 1945 година. Сепак, ветувана беше друга вистина, а и самиот Заев многу пати повтори дека за работа како јазикот никаде не се преговара.

-Има работи за кои што никаде во светот не се преговара, ниту кај нас ќе се преговара, тоа бугарската страна го сфаќа. Сфаќа дека македонскиот идентитет, македонскиот јазик се наше чувство, наше право, државите не преговараат за оваа работа, велеше Заев.

Дури кажа и дека Бугарија ни го признала македонскиот јазик, што сега гледаме дека исто така не е вистина.

-Преговори по нашиот идентитет, нема и не треба да има, ниту па бара, Бугарија е пријателска земја. Бугарија и јавно истакнува за признавање на македонскиот јазик и македонскиот народ, таа ја признава реалноста и слично, велеше Заев.

-Гаранцијата за идентитетските прашања се потврдени со договорот за добрососедство со Бугарија, тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, велеше Заев.

А со лут одговори и на прашањето кога новинарите бараа одговор за преговорите околу јазикот и идентитетот.

(ПРАШАЊЕ: Дали според вас е прифатливо да прифатиме дека македонскиот јазик извира од бугарскиот јазик и идентитет македонски исто?) Не е прифатливо, порача Заев.

А од устата на Заев беше кажано дека нема да се менува ниту уставот на државата со цел промена на уставното име, за што премиерот и се колнеше. Ветувано беше дека нема да има ниту двојазичност. Епилогот го знаеме сите.

-И цело време го донеле Заев да го продаде името, ајде мајката, изјави Заев во минатото.

-Никој не може во Македонија и не верувам дека постои таков човек кој што би дозволил промена на Устав и промена на нашиот идентитет, ветуваше Заев.

Отстапките кои Заев ги направи кон соседите, а директно удрија по македонските национални интереси ги знаеме сите. И покрај се ова Македонија сепак се уште го нема датумот, кој пак неколку пати беше добиен за премиерот Заев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста