Заев попушти под притисокот на ДУИ, ќе биде премиер ама последните три месеци ќе има премиер Албанец

Постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство и Влада со полн мандат која ќе ја предводи Зоран Заев како премиер.

Сепак, Заев попушти под притисокот на ДУИ и даде зелено светло за Албанец премиер. Последните три месеци премиерската позиција ќе ја биде пополнета со предлог од коалициониот партнер ДУИ, со што ќе се укине Пржинската влада преку измени во Законот за Влада.

„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани, заради иднината на државата и успешните политики. При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа да бидам претседател на владата во полн четиргодишен мандат. Дел од договорот е укинување на техничка Влада, техничките министри и техничкиот премиер, нешто за што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка. Поради оваа големина и доблест од ДУИ, без какви било претходни консултации и разговори во коалицијата и во мојата партија покажав доблест. Оттаму, на предлог на ДУИ ќе биде поставен премиерот што ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат“, потенцираше Заев во своето излагање.

Покрај ова решение, Заев во своето обраќање по средбата, се обврза на квалитетни, одговорни и отчетни кадри кои ќе се водат од принципите за еднакво општество за сите, во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, со исклучок на вицепремиерските места, на неселективна и длабинска борба со криминалот и корупцијата, како и тоа дека ќе се работи на промена и унапредување на изборниот модел веќе за следните локални избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста