Заев попаметен си кога молчиш, Југославија ви даде држава – бура реакции и од српските медиуми

Скандалозно интервју на премиерот Заев, Заев за односите со Бугарија: Не раздели Југославија, Заев попаметен си кога молчиш, Југославија ви даде држава ….. Медиумите од регионот „зовреа“ по вчерашното интервју на претседателот на Владата за бугарската телевизија.

Серијата скандалозни изјави на Заев најдоа место во многу влијателни балкански медиуми, чии наслови се задржуваат на делот во кој Заев зборува за бугарската администрација во Македонија во Втората светска војна.

Констатацијата дека Бугарија, во ВСВ и помогнала на Македонија да се ослободи ја разбранува јавноста во соседните земји, а дел од насловите во медиумите беа полни сарказам и исмејување на македонскиот премиер.

Заев ја обвини Југославија дека ги поделила Македонија и Бугарија – пишува Алџезира, Бугарската и Македонската војска заедно го ослободија Скопје – пренесува белградскиот сајт Политика. Ниту правда.рс не го поштедија Заев од скокотливи наслови: Заев се подлижува на бугарите: Тие не биле окупатори, Југославија ги раздвоила. Низа реакции во јавноста и останати медиуми како Информер, РТ Војводина, Црногоркиот „Вјести“.

Изјавите на Заев го испровоцираа и главниот уредник на српскиот весник Информер Драган Вучичевиќ, кој, како што пренесуваат повеќе медиум испратил директна порака до премиерот.

Каков бедник е овој Зоран Заев, неверојатно е! Бугарите ве ослободија, а ние Србите ве поробивме, Бугарите антифашисти, а ние Србите фашисти?! Човеку, дали си нормален?! – прашува Вучичевиќ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста