Заев останува сам: Се шири фронтот за одбрана од Бугарија, сите против попустливите ставови

Заев остана сам, речиси од никого од стручната јавност, нема поддршка за неговите ставови и преговорите со Бугарија. Од тука отворено се поставува прашањето дали премиерот има легитимитет, да преговара со бугарските власти, за прекројување на македонската историја.

По ставовите на Заев дека бугарскиот фашистички окупатор, не бил фашист, дека Гоце Делчев бил заеднички јунак на Бугарија и Македонија, како и дека сме имале заедничка историја со Бугарија, во документ, насловен – “македонски манифест”, трите столба на македонската државност, и национална посебност, за прв пат во историјата, заедно апелираат- во обидот, да се почнат преговори со ЕУ- да се почитува вистината, правото, и волјата на народот.

Покрај граѓаните во одбрана на македонските национални интереси застанаа и МАНУ,  МПЦ-ОА и УКИМ. Од таму ги повикуваат, и ги охрабруваат –  претседателот на државава, собранискиот спикер, и премиерот –  преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, и со почитување на достоинството на македонскиот народ;  да се почитува автохтоноста на македонскиот народ, и неговиот историски, јазичен, културен, и религиски континуитет.

-Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет; Да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности, пишува во „Манифестот“.

Она што е проблематично за македонскиот премиер, во манифестот потпишан од претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, Г.Г. Стефан, ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, јасно е истакнато дека македонскиот јазик, и неговите дијалектни разновидности, постојат, и надвор од границата на денешна Македонија, и опстојувале со векови; македонскиот идентитет, го црпи својот легитимитет, од повеќе-вековните традиции,  обичаи, и колективната меморија. Се она од што Бугарија бара да се откажеме.

Против Заев застана и поранешниот претседател на Македонија и основач и прв шеф на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тој го замрзна членството, додека партијата не се огради од ставовите на партискиот лидер.

Покрај МАНУ, МПЦ и УКИМ, веќе против преговорите за македонската историја застанаа и 62 видни интелектуалци. Во писмото потпишано од универзитетските професори Наташа Котлар Трајкова, Тодор Чепреганов, Михајло Миноски, Виолета Ачкоска, Елка Јачева Улчар и други, се бара Македонија да не подлегне пред бугарските уцени и условувања.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста