Заев околу промените во СДСМ: Дали се дистанцира од мене нека каже Шекеринска- вели и тој бил скопско крило

Дали Шекеринска се дистанцира од мене, ќе треба да ја прашате неа, какво мислење има за мене ќе треба да каже самата Радмила . Вака премиерот Зоран Заев ја прокоментира одлуката на досегашната негова партиска заменичка да се повлече од својата позиција во СДСМ. Сепак вели таа била негов најблизок соработник минативе години, а верувал дека и во иднина ќе биде така, без разлика каде ќе биде во партијата или во општеството.

Ќе ја прашате Шекеринска дали се дистанцира од мене, јас го кажав моето мислење за Радмила, Радмила е мојот прв соработник, заменик претседател ми е во СДСМ, во правата Влада што ја водев 2 години и шест и пол месеци, беше заменик претседател на Владата и министер за одбрана, навистина еден од првите мои соработници. Мислењето на Радмила за Зоран Заев може да го каже Радмила Шекеринска, изјави Заев. 

И покрај ставот на Заев дека во партијата се е мирно, во јавноста се повеќе се зборува за раскол и пресметки во партијата, посебно помеѓу популарното скопско крило и лојалните до лидерот на партијата. Заев такво нешто не постоело.

Јас живеам во Скопје повеќе години, скопско крило сум, каков сум, изјави Заев.

За внатрепартиски судир јавно не сака да зборува ниту Радмила Шекеринска. За своето повлекување вели дека било време да дојдат свежи партиски кадри, не сака каже ниту амбасадорската функција во Вашингтон.

Промените во СДСМ, се случуваат непосредно пред конгресот закажан за мај и во период во притвор заврши еден од најблиските соработници на Заев, Драги Рашковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста