Заев оди на одмор, процесите за СДСМ ќе продолжат после Илинден

Во соопштението кое го испратија до јавноста, СДСМ ги информира граѓаните дека нивниот лидер Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции.“ – велат од СДСМ.

Тие им честита на граѓаните за демократскиот капацитет со кој, како што велат од СДСМ, донесоа јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста