Заев од партиска говорница во улога на министер за финансии, државната каса нема доволно приходи

Претседателот на СДСМ во улога на министер за финансии. Зоран Заев повторно од партиска говорница објавува податоци за кои е задолжена министерката за финансии. Па така денеска екс премиерот побрза да објави дека државната каса е соочена со намалени приходи поради епидемијата на Корона вирусот, односно според Заев приходите биле само во висина од 30% до 40% од планираните.
Затоа, бара солидарност за носење на мерки оти пари вели дека тешко се обезбедуваат. Ваквата информација создава паника кај граѓаните, оти само пред нешто повеќе од два месеци токму Нина Ангеловска кажа дека буџетот е во добра кондиција?
Ќе бараме кредити, рече Заев, но граѓаните треба да знаат дека големите кредити ги повлекоа големите земји.
– Малку се парите. Дел од кредитите ќе ја санираат состојбата, но, дел товарот солидарно треба да го понесеме. Мора да ги поддржиме работниците, економијата и фирмите затоа што што доминантно тие го полнат Буџетот, доминантно тие го креваат и развиваат БДП и обезбедуваат плати, плаќаат даноци и го генерираат развојт на земјата. Во такви околности мора да има рамномерна распределба на товарот кој треба да се понесе, рече Заев.
Останува отворено прашањето – Зошто Заев од позиција на партиски лидер изнесува податоци за состојбата со буџетот и од каде точно му се информациите. Она што е индикативно, е дека за ова молк има и од министерството за финансии, од каде треба да ја известат јавноста доколку ваквите информации се точни.
Алфа праша во министерството за финансии, дали се точни овие информации кои ги објави Заев, но до сега одговор нема.
Ако ваквите тврдења на Заев се точни, останува дилема зошто нема информации до каде е планот за итно задолжување за обезбедување ликвидност на буџетот и покривање на штетите на стопанството и граѓаните.
Министерката за финансии Нина Ангеловска во неделата предупреди од црно сценарио во вториот квартал кој што почнува на веќе на 1 април. Таа најави дека уште во понеделник ќе почнела итна постапка за обезбедување на 600 милиони евра, пари од еврообврзницата, или кредит од задолжување, но и пари од ММФ и Светска банка.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе предупреди за покривање на штетите за фирмите и граѓаните од 600 милиони евра ќе бидат недоволни. Побара дополнителни 400 милиони преку емисија на еврообврзници на домашниот пазар.
Борис Грујоски