Заев од Куманово: Должност е да превземеме одговорност за татковината

Пред 78 години партизаните ја почнаа битката за слобода и ја добија. Денешните генерации се изборија за слободата на свој начин, а тоа е современиот патриотизам – со ваква порака премиерот Зоран Заев се обрати во херојско Куманово едно од местата каде Македонците се кренале на Востание за слобода.

Кумановчани пак за Алфа велат дека споменот на партизаните и нивната заложба треба да се негува. Слободата која ја донеле не е само за Куманово, туку и цела Македонија, заслужува почит а не негирање.

По завршувањето на централната прослава на спомен костурницата во Куманово каде со положување на цвеќе и интонирање на државната химна им беше оддадена почит, Заев и СДСМ го искористија моментот и за партиска промоција па организираа Пикник за присутните.

Ивана Соколовиќ Најдова