Заев: Не знам како се пишуваат 4 милиони, 6 милиони, 8 милиони

По три дена молк Заев се огласи за снимките поврзани со адвокатот Васил Димишков кои се појавија на Јутјуб. Лидерот на СДСМ вели дека не бил дел од разговорите во кои се споменуваат од три до девет милиони евра. Не знаел ниту да ги напише тие суми. Смета дека најдобар демант за тоа дека тој или неговиот брат Вице Заев разговарале со адвокатот се материјалите каде што се слуша гласот на Зоран Милески-Кичеец. Како и тврдењата на обвинителката Русковска дека тие разговори биле дел од доказната постапка за случајот “Рекет”. Заев смета дека конекциите меѓу адвокати, судии и обвинтели мора да запрат.

“Овие 4 милиони 6 милиони 8 милиони јас вие веројатно не знаеме ниту да ги напишеме. И тоа грозотијата сама по себе кажува колку со леснотија ги спомнуваат тие милионите. Само по себе демант се појави после два дена каде што се гледа дека ниту струмичанецот зборел внатре туку дека зборел Зоран Милевски-Кичеец со Димишковски. И втора работа спомнувањеѕто на некој таму не се однесува на Зоран заев, Вице Заев или било кое од имињата кои се спонати таму” вели Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцираат дека одговорност мора да има. Заев според опозицијата не е повикан да збори за ветинг во судството бидејќи направил коалиција со најкорумпираниот дел од правната фела.

“Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани и за сите кои ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од лушето околу него. Одговорот е едноставен. Затоа што одговорноста завршува со него”, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

На јутјуб прво се појавија два разговори Васил Димишков еден и Васил Димишков 2, апотоа уште единаесет разговори поврзани со случаите Рекет и Империја. Адвокатот Васил Димишков и неговата сестра судијката Весна Димишкова од Орце и Ана Камчеви беа посочувани како посредници за пари,а Димишков сведочеше на суд дека тие го барале за да им биде адвокат.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста