Заев не смее да молчи за преговорите со Бугарија, мора да има согласност меѓу власта и опозицијата

Сите политички субјекти и јавноста мора да бидат информирани што се преговара со Бугарија, Заев не смее да молчи за вака сензитивна тема, сметаат познавачите. Универзитетскиот професор Александар Даштевски, за Алфа вели дека таинственоста на власта во Македонија, веќе доведе до лошиот за државава Преспански договор. Според него, Заев не смее да ја повтори истата грешка, а власта и опозицијата мора да дојдат до заеднички став за националните интереси на државата.

-Се направи еден обид да се најде консензус во Собранието, меѓутоа позицијата одби да разговара за тоа, а тоа не е начин да се решат проблемите, бидејќи гледаме дека сега се поголеми проблемите од што беа. Мора да се определат црвени линии, кои не може да ги определи еден човек или двајца луѓе, изјави Даштевски.

Даштевски потсетува дека Заев и Димитров криеја и не говореа ништо ниту за Преспанскиот договор, кој не беше прифатен и потпишан од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов. Но, и покрај сите отстапки досега направени, сепак Заев не може да го оствари главното ветување, односно датумот за преговори со ЕУ, што може да претставува плус проблем за власта.

-Не го оствари тоа што му основна цел, ние не видовме некој капитален објект, некои мерки во економијата, во здравството итн. Ние едноставно слушаме датум за преговори, датум за преговори, кој не доаѓа никако, ако не добиеме ни конференција, тоа значи ќе почне да се зборува датум од пролет од пролет, па од есен, изјави Даштевски.

Молкот на Заев за преговорите со Бугарија предизвика бура реакции и кај граѓаните на социјалните мрежи.

Молкот некогаш повеќе зборува, немој да бидеме изненадени на крај и народот да биде пред свршен чин понижен, соголен и избришан.

Ако тој молчи со подвиена опашка, Македонците нема. Помина времето на ќутење.

Каде е транспарентноста? Исто како за Преспанскиот договор. Не учат од грешки за жал. Ова се прашања кои се однесуваат за сите граѓани.

-Не е шоу, трагедија. А и ти многу добро знаеше кога правеше договор со Грците, дека после нив чекаат Татарите. Ти дадоа уште еден мандат да не докрајчиш. Така ми се чини.

Покрај молкот пред јавноста, Заев не прифаќа ниту да дискутира со опозицијата околу спорот и проблемите со Бугарија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста