Заев не попушта – наредбата за разрешување на Пауновски утре на дневен ред на Владата

Премиерот Заев не попушта – разрешувањето на првиот човек на Пазарната инспекција Стојко Пауновски утре ќе биде ставено на владина седница. Откако директорот јавно му пркосеше на премиерот за вработувањето на 35-те нови рамковни административци, Заев повторно вели Пауновски не ги почитувал законите.

По ваквата изјава на Заев, средбата која им ја потврдил на инспекторите од ДПИ е про-форма. Одлуката очигледно е донесена, па залудна ќе биде и петицијата на која се потпиша речиси сите вработени во Инспекторатот.

Според Владата Пауновски  добил дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и информатичко општество и администрација. Имало и усни укажувања, на кои директорот не одговорил.

Јавното препукување доаѓа откако Пауновски се спротивстави на вработувањето на рамковни инспектори, кои немаат компетиции за функциите на кои се распределуваат и не ги потпиша нивните решенија.

И додека на Пауновски му се заканува разрешување од функцијата откако како што рече Заев, покажал пркос кон надлежните со неговото одбивање да не г вдоми новите 35 рамковни административци, излезе и шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот. За време на пандемијата ДПИ направила речиси 15 илјади надзори, и тоа со само 176 инспектори. Во текот на второто полугодие од 2020 година, инспекциски надзор е извршен кај 17 илјади субјекти односно физички и правни лица.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста