Заев не кажува што Македонија прифати, а Бугарија одби во нон пејперот од ЕУ, сме имале црвени линии

Оптимизмот на премиерот Зоран Заев за македонските интеграции спласна, ама јавноста не дозна што понуди Унијата во пакетот што беше донесено и на Скопје и на Софија.

Без детали што е позитивното за Македонија што го понуди португалското претседателство, Заев очекува техничката владата на Бугарија да се охрабрела и да го повеќе ветото оти имале уставна можност за тоа. Убедува дека преговори за македонскиот јазик и идентитет немало да погледне ни документ.

А Заев е спремен и да моли кај Бугарија во очи на одлука на Унијата на 22-ри месецов. Убеден бил дека ако ги помоли како што вели „нашите браќа“ Бугари ќе успеел да ги промени нивните европски размислувања и веќе на 23-ти да се одржи меѓувладината седница. Официјална Софија пак бара гаранции за евентуалното зелено светло за пристапување на Македонија во Унијата, морало да бидат убедени оти процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен.

„Овој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на релевантни патокази, релевантни документи и на сите структурни нивоа, што ќе ги даде соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен “, рече Радев.

И покрај се ова, Заев вели оти компромисот за цврстото бугарско вето бил да се подзатворат некои историски врати, за да не пропаднела сегашноста.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста