Заев не кажа прецизно дали ќе почнеме преговори со ЕУ, како Македонци кои постоеле и пред 1944

Заев не кажа конкретно дали ќе ги почнеме преговорите за влез во ЕУ како што бара Бугарија, како македонци со македонски јазик ама создаден 1944 година. Само кажа дека не се преговарало за македонскиот народ, идентитет, јазик , ама не одговори дали ќе попуштиме пред Софија за да не не блокираат повторно. Однесувањето на  Бугарија кон Македонија, Заев го гледал поврзано со незадоволството на Бугарија за динамиката на преговорите.

Причините ги гледам во незадоволството од страна на Бугарија за динамиката за исполнување на договорот, веројатно очекувањата нивни биле поголеми. Како и можеби несоодветно, невнимателно  отворање на прашањето за долгото и краткото име, Северна Македонија со Р.С.Македонија, дали има територијални претензии и слично, рече Заев.

Јавно кажа дека не сме имале такви претензии и дека нема проблем преку изјава или нота тоа да го потврдиме. Премиерот откри што имало во нон пејперот кој Бучковски му го даде на Борисов. Како што рече  тоа било речиси истото она кое тие како влада го зборувале, односно акцискиот план, употреба на краткото односно долгото има на државата и тоа дека немаме територијални претензии. Иако добивме вето од Бугарија, Заев тврди дека тој и владата немале никаква вина за тоа. . Се надевал дека штетата на евроинтеграцијата ќе се надомести бргу и кажа ќе преговарал со Бугарија се дур не се најде решение.

Заев кажа дека очекувал за 5 до 7 години државата да стане полноправна членка на ЕУ, а во неговиот мандат да се отворат дури 80 проценти од поглавјата. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира, Заев и СДСМ го распродаваат идентитет, го осудуваат интервјуто на првиот човек на Владата за БГНЕС и велат дека ќе побараат интерпелација најпрво на Димитров, а потоа и на Владата.

Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак.

За ова мора да се понесе одговорност.Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност, истакна Христијан Mицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку за во среда е закажан состанок на амбасадорите во Брисел на чиј дневен ред ќе биде и прашањето за Македонија, вицепремиерот Димитров  истакна дека не би сакал да дава големи надежи околу исходот, но рече дека германското претседателство нема да крене раце од решавање на проблемот со блокадата на Бугарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста