Заев насила турка избори на 5 или 8 јули, Јанушев стравува дека Македонија се претвори во балкански Вухан
СДСМ брзаат за избори на 5ти или 8ми јули, од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да лицитираат со датуми оти бројката на заболени од Корона расте.
Првиот човек на социјал-демократите, Заев вели до утре вечер има простор политичките партии да се договорат за избори,но немало место за лидерска средба.
Заев уште еднаш го посочи 8 јули како датум за народно изјаснување, вели во случај да има конечен договор, би се продолжила вонредната состојба уште три дена, а среда би се прогласил за неработен ден за да се организира гласањето и би се гласало до 21 часот. Во понеделник и вторник ќе гласаат затворениците,изнемоштените,лицата во самоизолација и оние кои се позитивни на заразата.
„Останува можноста секако до крајот на денот сабота кога завршува вонредната состојба, значи денешниот и утрешниот ден ни стојат на располагање. Колку и да сака некој нешто да менува не може, ниту да свикаме Собрание ниту да го менуваме Уставот ниту законите. Единствена алатка ни останува вонредната состојба. Евентуално продолжување на вонредната состојба би имало за овие три дена заради избори, не заради економски причини. Кога теоретски би се постигнал договор за 8 јули, може да се договориме за понеделник и вторник и за гласање на болни изнемоштени лица“ – вели Зоран Заев.
Го спореди гласањето со начинот на одење во продавница, и по времетраење на процесот за заокружувањето на ливчето и по чекањето ред пред избирачките места.
ВМРО-ДПМНЕ пак децидни, вонредната состојба мора да биде продолжена оти имаме втор бран на вирусот, а Македонија се претворала во балкански Вухан. За изборите велат дека најважно им е здравјето на граѓаните.
Во меѓувреме еврокомесарот Вархеји преку твитер испрати порака дека разговарал со Заев и Мицкоски за слободни, фер и инклузивни избори во Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување“. Уште поексплицитна веше европратеничката Марион Валсман која рече дека во периодот на неизвесност, Македонија мора да им даде на граѓаните знак на единство и лидерство а сите партии треба да дејствуваат унисоно за да најдат нов датум за избори.
Мери Ѓоргиевска