Заев најави можна блокада од Бугарија на патот кон ЕУ, нарекувајќи го Гоце Делчев историски заднички јунак

-Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев, порача денеска од Пробиштип Зоран Заев.

-Да живее Република Северна Македонија, изјави во минатото Зоран Заев.

Сите отстапки и историски понижувања пред Бугарија и Грција, може да бидат за џабе. Премиерот Заев сега одеднаш не подготвува за можна блокада на патот кон Европската унија ако Бугарија продолжела со уцените. Со цел напредок кон ЕУ, Македонија даваше што соседите бараа. Грција побара да се промени името- па Македонија стана Северна. Бугарија побара ревидирање на историјата, па Гоце Делчев од Македонец стана заеднички, што може и да се промени, со оглед на тоа што барањето на бугарската страна е Македонија да го признае Делчев само како Бугарин.

Иако ветувањата беа сосем други, Заев од Пробиштип сега порача да се подготвиме за неотпочнување на првата меѓувладина конференција со Европската унија.

-Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, ниту најмалку европско. Ако тоа така остане, треба да го подготвиме нашиот македонски народ, дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција, која треба да одржи во декември, изјави Заев.

Оваа изјава на Заев доаѓа на 11 октомври, денот кога пред 79 години, започнала народно ослободителната борба на Македонците, против бугарскиот фашистички окупатор. Кој Заев сепак го заборави во својот говор во спомен костурницата во Куманово, но не заборави да се фали за договорот со Бугарија.

-Досега приоритетите ги насочувавме на надворешен план. Со упорност и одважност ги постигнавме договорите за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, договорот од Преспа со Грција. Со кои по децениско заостанување Северна Македонија направи пробив на меѓународен план. Сето ова реализираше првенствено низ полноправното членство во НАТО, изјави Заев.

Со изјавата во Пробиштип, Заев сам се демантираше. Неколку часа пред тоа во Куманово кажа дека Бугарија ни била партнер на патот кон ЕУ.

-Соседите денес ни се сојузници и силни поддржувачи на меѓународен план. Ова е од исклучително значење токму сега во борбата со пандемијата од Ковид 19, кога со сите држави од соседството, Бугарија, Србија Косово, Албанија и Грција, секојдневно заедно соработуваме во справување со кризата, изјави Заев.

Заев сепак се уште верува дека ставот со Борисов кого го нарекува брат не бил ист со членовите на неговата Влада и очекува позитивен епилог. Инаку, со договорот за добрососедство кој го постигнаа премиерите на двете земји, Македонија не смее да ги споменува зборовите „бугарски фашистички окупатор“, против кого започнала народно ослободителната борба на Македонците на 11 октомври 1941 година. 

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста