Заев наговестува соработка со ДУИ за локалните избори – што се е подготвен да му даде на Ахмети?

Свесен дека нема да може да победи самостојно на локалните избори, премиерот Заев најверојатно повторно помош за предизборна коалиција ќе бара во партиите од албанскиот блок. Дел од аналитичарите велат разочарувањето на граѓаните е големо и тоа ќе одземе значителен дел од гласовите на СДСМ.

После сето она што се случи, народот и самото членство е разочарано, тотално. Единствениот спас да однапред некој победи, а однапред веќе да си ја резервира картата за учество во власта како победник е да коалицира со некого. Тука Заев повторно е губитник, затоа што тој на албанците за да бидат негови сериозни и цврсти партнери мора да им даде и “јаре и паре” вика народот. Се зависи од тоа што ќе му бараат албанците, инаку многу лесно може да се направи еден “switch” и Зоран Заев и цела негова тајфа да оди во историја-вели Агим Јонуз – аналитичар.

Дел од експерите се децидни дека доколку се прават преизборни коалции, не треба да се потцени и моќта на албанската и македонската опозиција, но Заев сам без друга партија тешко дека ќе издејствува победа.

Зоран Заев и СДСМ самостојно без коалицирање со никого, може да победи кога , народот има една шеговита изрека kad se majmuni budu shishali…. Ако бидеме реални и на минатите изброи СДСМ изгуби ако ги есктрахираме гласовите на БЕСА, на минатите избори реално победи ВМРО-рече Агим Јонуз – аналитичар.

Дали ќе колицира предизборно Заев рече ќе се знаело на месец дена пред избори, но испрати повик и порака да соработка.

 Сè уште е рано. Кога ќе ги донесеме одлуките на нашите состаноци, веднаш ќе ги соопштиме. Но, тенденцијата ни е сплотеност и заедно, и секогаш да настапуваме во духот не едно општество за сите. И уште сега го испраќам повикот за соработка – предизборна и послеизборна, зашто преку соработка и единство ќе можеме да постигнеме и поголеми успеси, рече Заев.

Инаку СДСМ во 2017тата дојде на власт со помош на гласовите на ДУИ, претседателските избори ги доби каде заедно повторно со ДУИ го предложија Пендаровски за претседател на државата, а изборите во 2020тата ги доби благодарение на предизборната коалиција со БЕСА.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста