Заев на линија со адвокатката Фрчкоска-Зошто премиерот се интересира за случајот со специјалната обвинителка

Лаги со опашки биле информациите на пратеникот Антонио Милошоски кој обзнани дека премиерот на лидерската средба јавно кажал дека има сознание оти специјалната обвинителка за десетина дена заминува во куќен притвор, оцени денеска Заев. Но иако се обиде да го демантира Милошоски, премиерот всушност потврди дека имал комуникација со адвокатката на осомничената обвинителка.

Пратеникот Милошоски пак во изјава за Алфа вели дека Заев неумесно се обидел да демантира, но всушност ја потврдил спрегата Заев- Рускоска- Јовески. Но по ваквото признание на Заев, пратеникот бара одговор на во кое својство премиерот е во контакт со Ирена Фрчковска како адвокат на Јанева, но и од каде доаѓа нејзината потреба да го известува премиерот за чекорите на Катица Јанева.

Но ова не е прв пат премиерот да изнесува информации за истражна постапка. Во мај лани на собир во Капиштец ја најави и пресудата за случајот „Тенк“ во која обвинет е екс премиерот Никола Груевски.

Инаку од 21 август Јанева доби нови 30 дена притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

Ивана Соколовиќ Најдова