Заев: Максо ќе биде максимално поразен

Вреден, упорен, народен човек – вака првиот човек на СДСМ Заев го претстави кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски, кој ветува дека со инвестиции ќе се бори младите да останат во Куманово.

Ќе го изградиме најмодерниот плоштад со подземни шеталиште и подземен паркинг. Со инвестиции ќе се борам младите да останат во Куманово. Вечерва тука пред вас ја искажувам мојата подготвеност. Да воведеме нов менаџмент во градот со добро управување и системски решенија. Како ваш градоначалник, заедно со носителката на советничката листа се обврзувам дека ќе се борам заедно со сите вас, да му кажеме не на режимот и на поткупот – изјави Илиевски.

Максо ќе биде максимално поразен и колку и да е независен, зависи од кумановци а овде граѓаните се СДСМ –претседателот на владејачката партија Зоран Заев е убеден дека неговиот избор за кандидат за градоначалник на Куманово ќе победи.

Максо, добар е СДСМ кога ја раздолжува општината ,кога ја внесува Македонија во НАТО, кога ти дава поддршка, сега на првата кривина, не е добар СДСМ, Максо здипли опашката и шпринтна – изјави Заев.

На централниот митинг во Куманово беше претставена и советничката листа од 33 советници, на чело со Атина Мургашанска, а претходно социјалдемократите своите пораки ги испратија и од Арачиново.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста