Заев конечно собра храброст: Кога Каракачанов ја навредува Македонија премиерот молчи, кога го чепнаа него прозборе

Потребно беше Заев лично да ги навредат и да го наречат Бугарин за да барем во статус на Фејсбук собере храброст и да одговори. Заев не се лути, кога од Бугарија пристигнуваат пораки, дека Делчев и сите македонски револуционери се Бугари, дека имаме иста историја, јазик, идентитет, и што уште не, но се налути кога него си поиграа мајтап.

-Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи, пишува Заев.

На Заев му требаа дури два дена да напише десет реда на Фејсбук, откако бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој порача дека како и на секој Бугарин, на Заев паметот му доаѓал ден подоцна.

-Чекор напред, но ако ги правеа тие мали чекори последните три години, денес немаше да зборуваме за ова, но според старите бугарски обичаи знаете на Бугаринот, паметот му доаѓа наредниот ден, па така и со колегата Заев. Дали му верувам или не, нема никакво значење, преферирам веќе да не верувам на декларации и на интервјуа, туку да гледам што се работи, изјави Каракачанов.

Инаку, ваквите зборови на Каракачанов дојдоа по интервјуто во кое Заев го прогласи Гоце Делчев за Бугарин покрај Македонец, кажа дека бугарскиот фашистички окупатор не постоел, како и дека сме имале заедничка историја со Бугарија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста