Заев како судија – како премиерот најавува судски пресуди?

Се мешаат ли извршната и судската власт? Низа изјави на високи функционери ја наметнуваат оваа дилема иако тоа е спротивно на уставот кој строго ја дели извршната од судската власт….. Премиерот Заев деновиве, убеден, тврдеше дека епилогот на судскиот процес за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности ќе испрател порака дека никој нема право да ги крши изборните процеси.

“На крај е вториот по значење случај според мене, а тоа е “Титаник” заради изборите. Тие се врв на демократијата и пораката и тука ќе се испрати согласно доказите сум убеден. Да не му текне на никој повеќе да ги крши изборните процеси”, изјави Заев.

Како премиерот Заев знае детали околу судските процеси е нејасно. Неговото предвидување за тоа како ќе заврши случајот „Титаник“не се случува прв пат. Убеден дека јавноста ќе биде задоволна од судска пресуда беше и непосредно пред судењето на Мијалков кој беше обвинет во случајот “Таргет – Тврдина“.

“Ќе почекаме во петок дали ќе има пресуда. Сите викаат ќе видиме дали има договор дали ќе го осудат или не. Апсолутно не. тоа само по себе покажува дека Зоран заев ниту е судија ниту е обвинител, ниту е шеф на судство ниту е шеф на обвинителство”, изјави Заев.

Сомнежите дека Владата се меша во судството во јавноста се наметнаа и по изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  кој исто така неколку дена пред судењето, кажа дека со  пресудата ќе биле расчистени сите дилеми за тоа дали имало политички договор. По овие, и други слични изјави,експертите постојано критикуваат дека претставниците на владата буквално го погазуваат принципот на поделба на власта. Според нив е недозволиво Заев да ги контролира правосудните органи а не се исклучува можноста ваквите потези да негативно да бидат оценети во следниот извештај на европската комисија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста