Заев ја започна изборната кампања од Струмица

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев предизборната кампања ја започна од неговата родна Струмица. Под слоганото „Можеме“ Зоран Заев им вети на граѓаните дека можат уште повеќе и уште подобро.

 

„Од мојата Струмица ја почнуваме победничката кампања на коалицијата #Можеме, предводена од #СДСМ.

Во изминатите три години државата ја ставивме на правиот пат. Ги покачивме платите, ја намаливме невработеноста и секој денар од буџетот одговорно го трошевме. Парите се враќаа кај граѓаните.

За само три години станавме членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ. Обезбедивме сигурна иднина за нас и нашите деца.

И затоа на 15 јули ќе победиме! Ќе победиме затоа што со СДСМ нашата земја со сигурност продолжува напред, а иднината е извесна. Направивме многу, но можеме уште повеќе и уште подобро!“

 

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10158780245582932/?type=3&theater

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста