Заев: Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка

-Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка на денешниот амбасадорски состаник во Брисел, соопшти премиерот Зоран Заев, објави Канал 5.

Премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање на увидот на магестралниот гасовод Скопје- Тетово- Гостивар изјави, „Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка“.

Заев сепак смета дека не треба да се прави драма иако како што рече испратена е неубава порака од бугарска страна. Премиерот е оптимист дека на следните два состанока на работните групи може да се приближат ставовите, а се надева и на позитивен исход од средбата со Борисов во понеделник.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста