Заев инсистира на избори на петти јули, опозицијата реагира дека гласање во вакви услови е лудост

Заев не се откажува од идејата за избори на петти јулии.Вели дека тоа е завршена работа.22 дена по вонредната состојба треба да се оди на гласање иако бројот на починати и заразени со корона вирус се зголемува. Министерот Чулев според Заев дозволил вирусот да се прошири. Петти јули е последниот компромис кој социјалдемократите биле подготвени да го направат. Лидерот на СДСМ смета дека не е здраво да нема парламент, а владата да биде и влада и законодавен дом. Toj потврди дека биле многу блиску до договор со Мицкоски.

“Проблемите што ги предизвикува Наќе Чулев, мора да ги оставиме зад нас, а тоа е можно само со избори. Не е одговорно да ја оставиме државата без Парламент и со техничка Влада во која опозоцијата е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен. Нема нови аргументи за нови економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за барање на нова вонредна состојба.  Во таква ситуација, Изборите остануваат онака како што е пропишано соглансо Уставот и законите”, изјави Заев.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски реагира дека СДСМ е кластер за проширување на вирусот и обвинува дека власта во ек на епидемија ја втурнала државата во опасност. Избори во вакви услови се лудост, вели Мисајловски.

“На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности. Како што знае и јавноста ние имавме канал за комуникација, но реалноста е сосема поинаква сега, кога пола партија на СДСМ е во изолација, јас им посакувам навистина добро здравје на сите и на нив и на нивните семејства, не е време за ваква работа. Не е време да нафрламе бројки кога ќе има избори или слично, сега време е сплотено сите заедно во државава да се посветиме кон здравјето на граѓаните и ништо повеќе”, вели Мисајловски.

И ДИК ги нема почнато подготовките за избори. Од комисијата ги демантираат информациите пласирани во одредени медиуми дека подготовките се во тек. Комисијата ја почитува уредбата на владата од 21 март врз основа на која изборните дејствија се прекинати.

Најава за нова лидерска на која би се дискутирало за изборен датум нема. Вонредната состојба завршува на 14 јуни.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста